Tuesday, February 22, 2011

м?!

И кога имаш се` немаш се`... Поле до поле, лист по лист, страна по страна, ден по ден... имаш се` убаво ти е... бараш маана на се` што ти одговара и ти чини, хмммм ... Зошто?!? Сакаш, возвратено е и пак нечини... Љубиш нешто што не знаеш како би било да не го љубиш... не знаеш! Збрка...
Кога лежиш и мислиш на утрешната средба сакаш да дојде веднаш... кога ќе дојде не покажуваш, кога си одиш ти е криво што не било онака како што си сакала да биде и тоа по твоја вина... Страв, срам или потреба/непотребна за скривање на вистинското чувство... Не е пријатно да не можеш сама во себе да се најдеш, се губиш во себе... Се најде? До кога до пред следната средба? Никогаш не ти е доволно, што и да е, какво и да е, како и да е... Секој ден се повеќе и повеќе, да делиш макар еден збор само ама да си во негово присуство многу време... Никогаш доста, секогаш полна од љубов, празна од жал зошто не може повеќе... Различен начин на докажување и покажување, мака, тешко во длабокото...
Аххх... епа - епа!

No comments:

Post a Comment