Thursday, February 24, 2011

„Успех“

Цели २० години не задоволни ... од твоите успеси, од твојот прав и сигурен пат во животот, секој неуспех уште поголема рана и тага од нивните испади и не знаење да сочувствуваат со тебе... Успеси кои не се обични туку се натпросечни проследени секогаш со:
„Е супер, ајде и во друго поле да се стремиш да биде вака“
- Извинете господини совршени луѓе , дали може ЕДНАШ да се израдувате за тоа што го постигнав?! Дали може ЕДНАШ без споредби и „дополнителни непотребни коментари“ да се израдувате на тоа што сум успеала и постигнала во нешто?!
Можете ли да ги оправдате и дозволите моите желби бидејќи мислам дека заслужив а и не барам многу!

Фала однапред ....
Вашата ќерка а воедно и ваше дете!

Tuesday, February 22, 2011

м?!

И кога имаш се` немаш се`... Поле до поле, лист по лист, страна по страна, ден по ден... имаш се` убаво ти е... бараш маана на се` што ти одговара и ти чини, хмммм ... Зошто?!? Сакаш, возвратено е и пак нечини... Љубиш нешто што не знаеш како би било да не го љубиш... не знаеш! Збрка...
Кога лежиш и мислиш на утрешната средба сакаш да дојде веднаш... кога ќе дојде не покажуваш, кога си одиш ти е криво што не било онака како што си сакала да биде и тоа по твоја вина... Страв, срам или потреба/непотребна за скривање на вистинското чувство... Не е пријатно да не можеш сама во себе да се најдеш, се губиш во себе... Се најде? До кога до пред следната средба? Никогаш не ти е доволно, што и да е, какво и да е, како и да е... Секој ден се повеќе и повеќе, да делиш макар еден збор само ама да си во негово присуство многу време... Никогаш доста, секогаш полна од љубов, празна од жал зошто не може повеќе... Различен начин на докажување и покажување, мака, тешко во длабокото...
Аххх... епа - епа!

Tuesday, February 1, 2011

Хејтеризам

Зарем постојат уште луѓе кои сакаат да ти ја уништат среќата?! Незадоволни од својот живот и искомплексирани од поголемата среќа на другите од својата, завидуваат и сакаат да ти расипат се`... некаде ќе успеат да го направат тоа, но ќе имаат последици.. Србите би рекле „не дирај лава док спава“ или „не дирај говно док смрди“... Биди среќен со тоа што си го имаш, не пати за тоа што си го изгубил и остави секој својата среќа да си ја најде ако ти си ја нашол... Ти вика те мрзам а те набедува дека ти си хејтер?! Прерачунајте се себеси до каде сте со паметот доколку го имате... не бидете злобни умови!