Ех да можев тогаш да го запрам времето
да запре се` во оној миг кога бевме (среќни) заедно
ех да можев тогаш да гледам во иднината
ќе видев дека ти си ми судбината
Ех да можам да го вратам времето
ех да можам да те вратам со него (тебе стариот)
тогаш се` би било знај совршено
јас и ти би биле среќни заедно...
Ех кога би можела побрза да сум од светлината
би те чувала јас за мене уште пред да погрешам
ех кога би можела да патувам низ времето
или со прст да удрам и да те вратам со него
знам јас во некој друг свет заедно сме пак (како некогаш)
и со нас е (онаа старата) љубовта
... со надеж и малку труд некогаш можеби ќе те вратам како некогаш да бидеш ти... Т.С. засекогаш!
Monday, August 8, 2011
Monday, July 25, 2011
ЗАЗ - Да или Не
Малку слатко, малку солено
не, јас повеќе сакам кога е пикантно
Малку долго, малку кратко
не, јас повеќе сакам кога одам пешки
Малку поведро, малку поефтино
не, мене ми е подрага планината од морето
Малку бело, малку црно
не, мене ми се подраги луѓето кои се осмелуваат да веруваат
Секогаш ме запрашуваше
по кој пат да тргне
живееше и се двоумеше
за ова можете сигурно да ме разберете
Малку забавно, малку досадно
сакам да бидам и сама и во сред метеж
Малку повеќе време, малку пократко
сакам да ме остават на мир а не да ме гушат(вознемируваат)
Малку весело, малку тажно
сакам љубовни приказни од кои се расплакувам
Малку блиску, малку далеку
сакам да мисли на мене и кога не се гледаме
Малку десно, малку лево
поарно не би сметала на никого
Повеќе пари за вас, нешто помалку за нив
а јас – кога јас ќе добијам малку?

Wednesday, April 13, 2011
Да размислиш... што сакаш, како сакаш и дали сакаш нешто во врска со мене। Не можеш да се однесуваш така, кога јас таман ќе се сменам, впрочем веќе се сменив, за мое подобро чувство, (а не за тебе да ти биде поубаво) спомнуваш и префрлаш цело време за работите што ќе ги кажам, дека се иронични и дека се лутам за се и сешто। Ако сакаш да си со мене нема да се расправаш и да ги префрлаш работите на кои ТИ мислиш дека се такви какви што веќе не се... И со самото тоа што те прашав „што ќе правиш“ сакав да те поттикнам на нешто заедно да правиме... Ме навреди премногу со тоа што кажа дека ти е сеедно и ќе прифатиш тоа што ќе предложам да правиме... Не се работи за тоа! се работи за твоето вреднување на моите обиди и успеси за нештата а не само изнесување и отворено зборење само за негативностите мои... Стегањето и неотвореноста само за некои работи понекогаш навредува। Воопшто се немам почувствувано посакувана ни било како вредна за тебе... Не сакам веќе да ги подразбирам работите и да биде нормално да знам на што точно мислиш, покажи ми некако дека сум вредна, битна, значајна без да ме прашуваш како тоа да го направиш... Ако не си сигурен дека сакаш да бидеш со мене (и моите карактерни особини, ставови и очекувања) најубаво и најпаметно е да се разделиме секој по свој пат да тргне... Далеку од тоа дека јас тоа го чекав и дека мене некој ме чека да бидам со него НАПРОТИВ тука сум секогаш и тука си ти засекогаш во мене! ..... Одјава....!
Wednesday, March 9, 2011
Тажно е... М!
Пратам се`... Се разочарувам премногу... До каде ме води ова непознато чувство во мене и овие мои постапки... кон крајот?! најверојатно натаму оди... за жал ама премногу е појако од мене...
Кога нешто е мое, сакам да е целосно мое, да не го делам со никого и љубоморно да го чувам само за себе... ако тоа не ми успее во нареден период... пропаста е на повидок... Од толку опции и можности... остана само една, да бегам од тебе за заедничкото добро... Кога ќе го читаш ова ќе се прашуваш сигурно, што пак сега сум видела и ме натерало на ваков гнев, немир и омраза... Одговорот еве го веднаш... ситниците кои ги гледам се преголеми работи за мене... За жал, низ солзи пишувам и тивко го кажувам тоа „ се гледа крајот“ ... сакам, но стварно не можам да се борам против тие глупи чувства и сфаќања дека не сум единствена и дека не постојам јас и САМО јас во твојот живот... Ме повредува и ме прави лута се` на овој свет што ќе направиш, а што не е поврзано со мене... Пат до лудило... нема никој лек освен ти и твоето сочувствување и твојата помош... Сама од себе си се гадам, можам да замислам тебе како ти изгледаат моиве испади, што се повеќе и повеќе ги има...
Не сум замислувала дека ова може мене да ми се случи и дека е толку страшна љубомората како појава... :( Спасот, ако воопшто го има го можеш само ти... Бедно е чувството поради кое нема да можам да спијам, не можеВ да спијам ... Самата јас во оваа врска сум бедна! Некои личности и имале право кога кажувале за мене некои работи...
Бурно, но полека си одам од тебе... страв од самата себе и своите постапки е доста чудна ситуација... Секогаш ќе бидеш најбитниот за мене... Ако сме за заедно да бидеме ќе бидеме се надевам! Те сакам и те мислам повеќе од себе... без преувеличување и глумење...
Ништо до сега не било до тебе и за ништо ти не си бил крив... знам, но дури сега сама пред себе си го признавам тоа... Храброст - нула, самодоверба - лажна... Исчезнува се` убаво, а зошто? -Љубомора.

Thursday, February 24, 2011
„Успех“
Цели २० години не задоволни ... од твоите успеси, од твојот прав и сигурен пат во животот, секој неуспех уште поголема рана и тага од нивните испади и не знаење да сочувствуваат со тебе... Успеси кои не се обични туку се натпросечни проследени секогаш со:
„Е супер, ајде и во друго поле да се стремиш да биде вака“
- Извинете господини совршени луѓе , дали може ЕДНАШ १ да се израдувате за тоа што го постигнав?! Дали може ЕДНАШ без споредби и „дополнителни непотребни коментари“ да се израдувате на тоа што сум успеала и постигнала во нешто?!
Можете ли да ги оправдате и дозволите моите желби бидејќи мислам дека заслужив а и не барам многу!
Фала однапред ....
Вашата ќерка а воедно и ваше дете!

Tuesday, February 22, 2011
м?!
И кога имаш се` немаш се`... Поле до поле, лист по лист, страна по страна, ден по ден... имаш се` убаво ти е... бараш маана на се` што ти одговара и ти чини, хмммм ... Зошто?!? Сакаш, возвратено е и пак нечини... Љубиш нешто што не знаеш како би било да не го љубиш... не знаеш! Збрка...
Кога лежиш и мислиш на утрешната средба сакаш да дојде веднаш... кога ќе дојде не покажуваш, кога си одиш ти е криво што не било онака како што си сакала да биде и тоа по твоја вина... Страв, срам или потреба/непотребна за скривање на вистинското чувство... Не е пријатно да не можеш сама во себе да се најдеш, се губиш во себе... Се најде? До кога до пред следната средба? Никогаш не ти е доволно, што и да е, какво и да е, како и да е... Секој ден се повеќе и повеќе, да делиш макар еден збор само ама да си во негово присуство многу време... Никогаш доста, секогаш полна од љубов, празна од жал зошто не може повеќе... Различен начин на докажување и покажување, мака, тешко во длабокото...
Аххх... епа - епа!

Tuesday, February 1, 2011
Хејтеризам
Зарем постојат уште луѓе кои сакаат да ти ја уништат среќата?! Незадоволни од својот живот и искомплексирани од поголемата среќа на другите од својата, завидуваат и сакаат да ти расипат се`... некаде ќе успеат да го направат тоа, но ќе имаат последици.. Србите би рекле „не дирај лава док спава“ или „не дирај говно док смрди“... Биди среќен со тоа што си го имаш, не пати за тоа што си го изгубил и остави секој својата среќа да си ја најде ако ти си ја нашол... Ти вика те мрзам а те набедува дека ти си хејтер?! Прерачунајте се себеси до каде сте со паметот доколку го имате... не бидете злобни умови!
Thursday, January 27, 2011
Можеш
Можеш да ме повредиш тоа знам
можеш да ме оставиш и да не ти биде жал
јас тука не се прашувам
ти ќе живееш со тоа потоа
Можеш да ми земеш се`
ако посакаш да ме расплачеш
се до бол
можеш ако чувствуваш
дека не вредам што те сакам
ко да си бог
Можеш да бидеш ангел
или ѕвер
можеш да бираш дали
ќе останеш
Можеш да газиш како гад врз љубовта
јас тука не се прашувам
ти ќе живееш со тоа потоа
Можеш да ми земеш се`
ако посакаш да ме расплачеш
се до бол
можеш ако чувствуваш
дека не вредам што те сакам
како небото, како да си бог...
можеш да ме оставиш и да не ти биде жал
јас тука не се прашувам
ти ќе живееш со тоа потоа
Можеш да ми земеш се`
ако посакаш да ме расплачеш
се до бол
можеш ако чувствуваш
дека не вредам што те сакам
ко да си бог
Можеш да бидеш ангел
или ѕвер
можеш да бираш дали
ќе останеш
Можеш да газиш како гад врз љубовта
јас тука не се прашувам
ти ќе живееш со тоа потоа
Можеш да ми земеш се`
ако посакаш да ме расплачеш
се до бол
можеш ако чувствуваш
дека не вредам што те сакам
како небото, како да си бог...
Tuesday, January 11, 2011
Инат и се` од инат!
Главното мото во животот -Инат!
Покажување незадоволство преку - Инат!
Започнување расправија од - Инат!
НЕуживање во убавините кои ги пружа љубовта од - Инат!
Непотврдување работи од другата страна - Инат!
Непосакувани резултати поради свој - Инат!
Не те сакам!!! од - Инат!
Твој, мој, СВОЈ, заеднички, негов, нејзин каков и да е ИНАТ!!!

Subscribe to:
Comments (Atom)