Wednesday, September 2, 2009

♫(-̮̮̃-̃)۶٩(●̮̮̃●̃)۶٩(•̮̮̃•̃)۶٩(●̮̮̃•̃)۶♫ Есен во Скопје


.....како одминува времево и годиниве сфаќам дека сакам Есен... сакам паднати лисја... сакам ролки со долги ракави џемперчиња и слични работи! Ладничко надвор и "Сонце со заби " ама убаво е... ракавички понекогаш си носиш ако си ептен зимурлив [како мене] ...Идеш у парк седиш покрај езерцето и сонцето грее над тебе... Наочари за сонце а сепак дуфка ветре и ти е свежичко....мммммм..... марами и прстени... топло кафенце у шише или топло чајче... Боите секако се многу битен дел од целиот опис: црвена,темно зелена, маслинесто зелена, кафеава, сива, светла зелена понекаде, жолто сонце и матно езерце xD [ако си у парк у скопје у другиот дел]. Секако дека би било интересно да се иде и до Зоолошка [ако има што да се види и нахрани ] со "Стоби флипс" црвените смоки....
Прошетка по кеј на Вардар можеш... све можеш што и у лето само на поубави пејсажи,бои и време... Го нема пивото толку изразено... али има други задоволства...

Насмевка на лицето... шалче на вратот, наочари на глава, џемперче.... и кога одиме на поршетка во парк?

No comments:

Post a Comment