Tuesday, December 3, 2013

Крајот на приказната што не продолжува...

Ох ооооо... Дојдоа тажни мигови и тажни денови... Целиот страв што некогаш си го осеќал/а и си мислел/а дека само си ја олеснуваш душата и се тешиш дека нема да дојде најстрашното, сепак доаѓа. Доаѓа и тоа онака безболно и нечујно како да не се случува ништо различно и ново, за после одреден период така добро и силно да ти се удри од глава. Се’ се издржува и се’ поминува, без секого се може,  а до тогаш, еее до тогаш стисни заби и размислувај за околината...
После тој голем период сфаќаш дека всушност тоа што го води светов и животот е голема навика. Веруваш во љубов?! - Да? и јас, секако, но од неа само навиката останува. Болката и патењето по разделбата?! - не е болка по личноста со која си бил/а туку болка и патење по изгубената навика.
Секој по свој пат си ја наоѓа среќата, некој порано некој подоцна. Утеха бараш и иако е тешко ја наоѓаш во некои луѓе, безкомпромисно стануваат дел од твојот живот, се тука одреден период  и си одат  на овој или оној начин.
Остани човек во вистинската смисла на зборот,  посакај им на другите што биле дел од твојот живот остатокот од нивниот сегашен да бидат успешни и среќни, немој да си себичен/на да посакуваш работи кои не би си ги посакал/а на себе, на крајот на краиштата - било и поминало вашето.
  Благодарна сум на сите убави мигови,  со желба дека лошите нема да ми се повторат понатаму! Беше дел од мене и моето се’, сега е време за нови патишта, стази и трки.