И ете повторно приказна со проблем... Вечната љубовна приказна содржина во многу романи, сценарио во многу филмови, вистинити дејствија... Недозволена љубов, чувство на страв, предавство и грижа на совест иако не правиш никакво зло кое би им предизвикувало болка на другите... Домашно воспитание, проклети стереотипи и предрасуди... Твојот избор треба да биде прифатен и почитуван од другите како твој личен избор и твое лично задоволство... Но, речиси никогаш не е така. Совршено поминато време, исполнетост но, и по малку нервоза... Но колку добро толку и лошо, трите работи кои те прават нервозен не се мерат со сите убави работи ( и во двете варијанти)... Мислата дека изневеруваш некого кого го цениш и сакаш те убива во секој твој чекор и поим иако таа љубов те прави среќна... Во секој миг мислиш дали да прекинеш со сето ова или да продолжиш да си мечтаеш дека се ова е сосема нормално, верувајќи дека не постои бариера или било каков проблем. За да продолжиш треба целосно да му веруваш на другиот во неговите зборови и да ја чувствуваш сигурноста со него која со текот на времето само ќе си дојде или нема.
Биди среќен и не ги пропуштај понудените раце ако не си бил во право ќе ти остане засекогаш како добар поминат момент од твојот живот и продолжуваш понатаму знаејќи дека си се обидел и си почувствувал нешто поразлично и поубаво...
Верувам и ќе верувам дека има смисла во секоја свесно направена работа!