Tuesday, December 3, 2013

Крајот на приказната што не продолжува...

Ох ооооо... Дојдоа тажни мигови и тажни денови... Целиот страв што некогаш си го осеќал/а и си мислел/а дека само си ја олеснуваш душата и се тешиш дека нема да дојде најстрашното, сепак доаѓа. Доаѓа и тоа онака безболно и нечујно како да не се случува ништо различно и ново, за после одреден период така добро и силно да ти се удри од глава. Се’ се издржува и се’ поминува, без секого се може,  а до тогаш, еее до тогаш стисни заби и размислувај за околината...
После тој голем период сфаќаш дека всушност тоа што го води светов и животот е голема навика. Веруваш во љубов?! - Да? и јас, секако, но од неа само навиката останува. Болката и патењето по разделбата?! - не е болка по личноста со која си бил/а туку болка и патење по изгубената навика.
Секој по свој пат си ја наоѓа среќата, некој порано некој подоцна. Утеха бараш и иако е тешко ја наоѓаш во некои луѓе, безкомпромисно стануваат дел од твојот живот, се тука одреден период  и си одат  на овој или оној начин.
Остани човек во вистинската смисла на зборот,  посакај им на другите што биле дел од твојот живот остатокот од нивниот сегашен да бидат успешни и среќни, немој да си себичен/на да посакуваш работи кои не би си ги посакал/а на себе, на крајот на краиштата - било и поминало вашето.
  Благодарна сум на сите убави мигови,  со желба дека лошите нема да ми се повторат понатаму! Беше дел од мене и моето се’, сега е време за нови патишта, стази и трки.

Tuesday, December 11, 2012

Што кога минатото боли, а крајот не е навистина крај?!

Што кога нечие минато тебе те боли?! -секако дека ништо ти тука не можеш, всушност можеш или да заборавиш (а не можеш) или да го баталиш тој кој имал такво минато...
  Е, сега и едното и другото и прашањето ќе те болат како и да е, дали порано или подоцна, повеќе или помалку, ќе боли. Забавно нели (читај катастрофа; ужас..)?! Крај со крај никако да сврзеш, а нити па НЗС на ситуацијава да и најдеш... талкаш по патот на иднината и се повеќе те мачи минатото. Проблемот и не би бил така голем и страшен, доколку, минатото не би било премногу присутно во сегашноста и (доколку) не би те прогонувало додека е тука.
 Што било поминало, нооо не поминало (во смисла на тоа дека тоа што за некој/и поминало ти го гледаш од кога поминало и сега тебе ти е видливо ако ним не им е)... Сега гледам дека најтешкото нешто што може да те прогонува е тоа што не би требало ни под разно да те засега тебе, бидејќи ти не си бил/а тогаш (во тоа време) таму, едноставно не си постоел во тој нечив свет, од кога постоиш по некоја логика на работите не треба ни да се појавува пред тебе минатото, посебно не премногу често и густо... Ти не си таа/тој кој/а треба да ја промени „новосоздадената“ ситуација (која и не е така нова - за жал), еве да речеме и дека си, нема начин на кој би можел/а да успееш во тоа. Штом не е нова ситуацијата, значи се мислело и се промислувало, размислувало за можното решение и секако и многу јасно (како што и пушува на почетоков на текстов)безуспешно. Целата работа многу јасно и гласно (читливо и ОЧИ - ГЛЕДно) би се објаснила со многу малку зборови, но не би се сфатила длабоката суштина на нештата (токму поради тоа тие зборови - фрази се оставаат како јаготка на шлагот).
                  И конечно да одиме со фразите:
* Не си ни ти крива што ти се сака, а никој не те сака за стално;
* Абе ти не докторка, ако сакаш и космонаутка биди, ороспија си била ороспија и ќе си останеш;
* Колку што постојат глупи мажи, толку постојат и ороспии кои ќе ги утешат.

И така драги мои, се трудиш, се трудиш и на крај од многу труд и трудна ќе останеш, ни виновна ни должна (читај ни крива ни дужна).

    Наравоучение: сакал - неќел - сакал, шала на страна , било некогаш и повремено ќе ти се појавува, дали поново или постаро минато, не може да исчезне без да употребиш магионичарски трик, евентуално, амнезија да те фати или во најлош случај маите да биле во право па на 21.12.2012 да го нема ни минатото а ниту па ни иднината! пи ес: Не си на Филозофски Факултет ако крајот на текстот (разговорот, предавањето) е навистина крај кога ќе речеш дека е!

                             = Крај= ;)

Monday, August 8, 2011

Ех да можам...

Ех да можев тогаш да го запрам времето
да запре се` во оној миг кога бевме (среќни) заедно
ех да можев тогаш да гледам во иднината
ќе видев дека ти си ми судбината

Ех да можам да го вратам времето
ех да можам да те вратам со него (тебе стариот)
тогаш се` би било знај совршено
јас и ти би биле среќни заедно...

Ех кога би можела побрза да сум од светлината
би те чувала јас за мене уште пред да погрешам
ех кога би можела да патувам низ времето
или со прст да удрам и да те вратам со него

знам јас во некој друг свет заедно сме пак (како некогаш)
и со нас е (онаа старата) љубовта

... со надеж и малку труд некогаш можеби ќе те вратам како некогаш да бидеш ти... Т.С. засекогаш!

Monday, July 25, 2011

ЗАЗ - Да или Не

Малку слатко, малку солено
не, јас повеќе сакам кога е пикантно

Малку долго, малку кратко
не, јас повеќе сакам кога одам пешки

Малку поведро, малку поефтино
не, мене ми е подрага планината од морето

Малку бело, малку црно
не, мене ми се подраги луѓето кои се осмелуваат да веруваат

Секогаш ме запрашуваше
по кој пат да тргне
живееше и се двоумеше
за ова можете сигурно да ме разберете

Малку забавно, малку досадно
сакам да бидам и сама и во сред метеж

Малку повеќе време, малку пократко
сакам да ме остават на мир а не да ме гушат(вознемируваат)

Малку весело, малку тажно
сакам љубовни приказни од кои се расплакувам

Малку блиску, малку далеку
сакам да мисли на мене и кога не се гледаме

Малку десно, малку лево
поарно не би сметала на никого

Повеќе пари за вас, нешто помалку за нив
а јас – кога јас ќе добијам малку?

Wednesday, April 13, 2011

Да размислиш... што сакаш, како сакаш и дали сакаш нешто во врска со мене। Не можеш да се однесуваш така, кога јас таман ќе се сменам, впрочем веќе се сменив, за мое подобро чувство, (а не за тебе да ти биде поубаво) спомнуваш и префрлаш цело време за работите што ќе ги кажам, дека се иронични и дека се лутам за се и сешто। Ако сакаш да си со мене нема да се расправаш и да ги префрлаш работите на кои ТИ мислиш дека се такви какви што веќе не се... И со самото тоа што те прашав „што ќе правиш“ сакав да те поттикнам на нешто заедно да правиме... Ме навреди премногу со тоа што кажа дека ти е сеедно и ќе прифатиш тоа што ќе предложам да правиме... Не се работи за тоа! се работи за твоето вреднување на моите обиди и успеси за нештата а не само изнесување и отворено зборење само за негативностите мои... Стегањето и неотвореноста само за некои работи понекогаш навредува। Воопшто се немам почувствувано посакувана ни било како вредна за тебе... Не сакам веќе да ги подразбирам работите и да биде нормално да знам на што точно мислиш, покажи ми некако дека сум вредна, битна, значајна без да ме прашуваш како тоа да го направиш... Ако не си сигурен дека сакаш да бидеш со мене (и моите карактерни особини, ставови и очекувања) најубаво и најпаметно е да се разделиме секој по свој пат да тргне... Далеку од тоа дека јас тоа го чекав и дека мене некој ме чека да бидам со него НАПРОТИВ тука сум секогаш и тука си ти засекогаш во мене! ..... Одјава....!

Wednesday, March 9, 2011

Тажно е... М!

Пратам се`... Се разочарувам премногу... До каде ме води ова непознато чувство во мене и овие мои постапки... кон крајот?! најверојатно натаму оди... за жал ама премногу е појако од мене...
Кога нешто е мое, сакам да е целосно мое, да не го делам со никого и љубоморно да го чувам само за себе... ако тоа не ми успее во нареден период... пропаста е на повидок... Од толку опции и можности... остана само една, да бегам од тебе за заедничкото добро... Кога ќе го читаш ова ќе се прашуваш сигурно, што пак сега сум видела и ме натерало на ваков гнев, немир и омраза... Одговорот еве го веднаш... ситниците кои ги гледам се преголеми работи за мене... За жал, низ солзи пишувам и тивко го кажувам тоа „ се гледа крајот“ ... сакам, но стварно не можам да се борам против тие глупи чувства и сфаќања дека не сум единствена и дека не постојам јас и САМО јас во твојот живот... Ме повредува и ме прави лута се` на овој свет што ќе направиш, а што не е поврзано со мене... Пат до лудило... нема никој лек освен ти и твоето сочувствување и твојата помош... Сама од себе си се гадам, можам да замислам тебе како ти изгледаат моиве испади, што се повеќе и повеќе ги има...
Не сум замислувала дека ова може мене да ми се случи и дека е толку страшна љубомората како појава... :( Спасот, ако воопшто го има го можеш само ти... Бедно е чувството поради кое нема да можам да спијам, не можеВ да спијам ... Самата јас во оваа врска сум бедна! Некои личности и имале право кога кажувале за мене некои работи...
Бурно, но полека си одам од тебе... страв од самата себе и своите постапки е доста чудна ситуација... Секогаш ќе бидеш најбитниот за мене... Ако сме за заедно да бидеме ќе бидеме се надевам! Те сакам и те мислам повеќе од себе... без преувеличување и глумење...

Ништо до сега не било до тебе и за ништо ти не си бил крив... знам, но дури сега сама пред себе си го признавам тоа... Храброст - нула, самодоверба - лажна... Исчезнува се` убаво, а зошто? -Љубомора.

Thursday, February 24, 2011

„Успех“

Цели २० години не задоволни ... од твоите успеси, од твојот прав и сигурен пат во животот, секој неуспех уште поголема рана и тага од нивните испади и не знаење да сочувствуваат со тебе... Успеси кои не се обични туку се натпросечни проследени секогаш со:
„Е супер, ајде и во друго поле да се стремиш да биде вака“
- Извинете господини совршени луѓе , дали може ЕДНАШ да се израдувате за тоа што го постигнав?! Дали може ЕДНАШ без споредби и „дополнителни непотребни коментари“ да се израдувате на тоа што сум успеала и постигнала во нешто?!
Можете ли да ги оправдате и дозволите моите желби бидејќи мислам дека заслужив а и не барам многу!

Фала однапред ....
Вашата ќерка а воедно и ваше дете!